Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина Митко Апостоловски, актерот со единствен стас и глас

Почина Митко Апостоловски, актерот со единствен стас и глас

Ѕвездата на Митко Апостоловски згасна на Земјата.

Македонскиот актер со неповторлива појава почина на 67-годишна возраст. Тажната вест ја објави Народниот театар Битола.

Митко Апостоловски

„Денеска нè напушти доајенот на македонското глумиште, долгогодишниот член на НТБ, актерот со единствен стас и глас Митко С. Апостоловски. Неговата исклучителна харизма со која пленеше од сцената уште долго ќе ја паметиме. Нека ти е светол патот, почитуван колега!“ – пишуваат од битолскиот театар.

Апостоловски е роден во Градот на конзулите, а дипломира на Вишата музичка школа во Скопје (Отсек за драмски глумци). Работеше во Народниот театар во Битола во периодот 1973-1974, потоа во Народниот театар во Куманово (1980- 1995), пред повторно да се врати во битолскиот театар.

Неговиот талент блескаше во филмови како „Трето полувреме“, „До балчак“, „Проколнати“, „Заборавени“, „Последниот Македонец“ и „Сведокот“, сериите „Народни Приказни“, „Белото циганче“, „Во светот на бајките“, „Обични луѓе“ и „Тврдокорни“, како и бројни театарски претстави.

Митко Апостоловски Митко Апостоловски

Колегите со огромна тага се збогуваат со него. Петар Горко објави: „Почивај во мир, колега, пријателе, прекрасен човеку. Неизмерна загуба чувствувам. Нека ти е вечен споменот.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11341 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.