Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина актерката Мира Фурлан на 65-годишна возраст

Почина актерката Мира Фурлан на 65-годишна возраст

Мира Фурлан издиша за последен пат на 65-годишна возраст.

Мира Фурлан

Тажната вест беше објавена на нејзиниот официјален Twitter профил, но не беше наведена причината за смртта.

Мира Фурлан Мира Фурлан

Режисерот Мајкл Стразински ја потврди веста дека Мира го напушти овој свет.

„Ова е ноќ на голема тага, бидејќи нашата пријателка и другарка тргна по патот по кој не можеме да ја стигнеме. Но, како што е за сите работи, со текот на времето ќе ја достигнеме и верувам дека ќе има многу приказни да ни раскаже и многу нови улоги да ги сподели со универзумот“ – напиша креаторот на „Babylon 5“.

Легендарната југословенска актерка е родена во Загреб, но на почетокот од 90-тите години се пресели во САД. Таму таа изгради светска кариера со својата улога во хит сериите „Lost“ и „Babylon 5“.

Мира Фурлан Мира Фурлан Мира Фурлан

Актерската кариера, Мира ја започна во Хрватскиот народен театар и беше дел од него сè до нејзиното заминување во САД. Во 80-тите години, Фурлан стана една од најпознатите хрватски, но и југословенски актерки.

Таа ќе остане запаметена по улогите во филмовите „Киклоп“, „Во вилиците на животот“, „За среќа се потребни тројца“ и многу други.

Мира Фурлан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11152 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.