Синоќа, Џенифер Гарнер имаше ретко појавување на свеченост со ќерката Вајолет.
50-годишната актерка и нејзината ќерка, која вчера го прослави 17-тиот роденден, присуствуваа на државна вечера во Белата куќа во чест на Емануел и Брижит Макрон.
Вајолет, која е ќерка на Бен Афлек, изгледаше елегантно во црн фустан покрај мајка си која носеше креација од Ралф Лорен и обувки од Стјуарт Вајцман.










Последен пат кога Гарнер се појави на јавен настан со децата беше пред 4 години, кога доби своја ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд.



Таа стапи во брак со Афлек во јуни 2005, а во јуни 2015 година објавија дека имаат намера да се разделат. Разводот беше финализиран во октомври 2018 година.
