Кијара Ферањи и Федез го прошируваат семејството. Славниот италијански пар ќе го добие второто дете.

Радосната вест беше објавена со фотографии на кои нивниот мал син држи во рацете слики од ултразвук.


33-годишната дизајнерка и 30-годишниот пејач стапија во брак пред две години, а на свадбата главен гостин беше нивниот син Леоне, кој сега е неодоливо синооко момче.









