Почетна » Новости » Шоу-бизнис » По девет години брак, Ченинг и Џена-Деван Тејтум објавија дека се разведуваат

По девет години брак, Ченинг и Џена-Деван Тејтум објавија дека се разведуваат

Ченинг и Џена-Деван Тејтум непријатно ги изненадија своите фанови со веста дека се разделуваат.

37-годишниот актер и 37-годишната актерка споделија ист пост на Instagram за да соопштат дека се разведуваат, не оставајќи простор за шпекулации во медиумите. Атрактивните филмски ѕвезди, кои заедно имаат една ќерка, објаснија дека животот ги води по различни патишта, но дека ќе останат посветени родители на 4-годишната Еверли.

Ченинг и Џена-Деван Тејтум Ченинг и Џена-Деван Тејтум

Еве го нивното заедничко соопштение:

Еј свету! Вака...

Сакаме нешто да споделиме со вас.

Прво, чудно е што треба да споделиме вакво нешто со сите, но тоа е последица на животите што избравме да ги водиме, за кои сме и длабоко благодарни. Живееме во неверојатно време, кое е и време кога вистината лесно може да биде изопачена во „алтернативни факти“ ;) Затоа сакаме да ја споделиме вистината, за да знаете дека ако не го прочитавте ова тука, тогаш најверојатно ќе беше измислица.

Со голема грижа еден за друг, избравме да се разделиме како пар. Се заљубивме пред многу години и имавме магично заедничко патување. Апсолутно ништо не се промени во нашата љубов, но љубовта е убава авантура која засега нè води по различни патишта. Нема тајни ниту пикантни настани во коренот на нашата одлука – само двајца најдобри пријатели кои сфатија дека дојде време да си дадат простор и да си помогнат меѓусебно да живеат што повесел и поисполнет живот. Ние сме сè уште семејство и секогаш ќе ѝ бидеме посветени родители на Еверли. Ќе се воздржиме од понатамошни коментари и однапред ви се заблагодаруваме што ќе ја почитувате приватноста на нашето семејство.

Ви испраќаме многу љубов на сите,

Чен и Џена

Ченинг и Џена се запознаа на снимањето на нивниот заеднички филм „Step Up“ во 2006 година, а стапија во брак во јули 2009 година. Нивната ќерка Еверли се роди во 2013 година.

Ченинг и Џена Ченинг и Џена Ченинг и Џена

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.