Почетна » Новости » Шоу-бизнис » По два спонтани абортуси, Алек и Хиларија Болдвин му посакаа добредојде на нивното петто дете

По два спонтани абортуси, Алек и Хиларија Болдвин му посакаа добредојде на нивното петто дете

Алек и Хиларија Болдвин добија уште едно синче.

36-годишната јога-инструкторка и 62-годишниот актер му посакаа добредојде на нивното петто заедничко дете.

Тие ја споделија првата фотографија со малото бебенце.

„Синоќа добивме бебе. Тој е совршен и не можеме да бидеме посреќни“ – напиша Хиларија.

Алек и Хиларија Болдвин Алек и Хиларија Болдвин

Сакајќи да го прошири семејството, парот помина низ два спонтани абортуси. Хиларија ги сподели лошите вести на социјалните мрежи за да ја подигне свеста кај луѓето и да ги охрабри жените гласно да зборуваат на оваа тема за да не страдаат тивко.

Двојката е во брак од 2012 година и заедно има уште три сина и една ќерка. Тој има уште една ќерка од претходниот брак со Ким Бесинџер.

Хиларија Болдвин Алек и Хиларија Болдвин Алек и Хиларија Болдвин Алек и Хиларија Болдвин Алек и Хиларија Болдвин Алек и Хиларија Болдвин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25350 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.