Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Пејачката Дафи сподели дека била силувана, дрогирана и заробена со денови
Пејачката Дафи сподели дека била силувана, дрогирана и заробена со денови
• Вторник, 25 Февруари 2020 23:28
По долго отсуство од музичката сцена, Дафи ги потресе своите фанови откривајќи ја вистинската причина зошто се повлече.
Во Instagram порака, изведувачката на „Mercy“ се исповеда за кошмарно искуство. 35-годишната музичарка објави дека била силувана, дрогирана и заробена и дека ѝ бил потребен долг период за да го преброди тоа.
„Многу од вас се прашуваат што ми се случи, каде исчезнав и зошто. Новинар ме контактира, ме пронајде и минатото лето му раскажав сè. Тој беше љубезен и беше неверојатно што конечно проговорив за тоа.“
„Вистината е, ве молам верувајте ми дека сега сум ОК и безбедна, дека бев силувана и дрогирана и држена заробена неколку дена. Се разбира, преживеав. За закрепнувањето требаше време.“
„Нема лесен начин да го кажам ова. Но, можам да ви кажам дека во изминатата деценија, илјадници и илјадници денови посветив на желбата повторно да го почувствувам сонцето во моето срце. Сонцето сега свети. Се прашувате зошто избрав да не го користам мојот глас за да ја изразам мојата болка? Не сакав да му ја покажам на светот тагата во моите очи. Се прашував, како би можела да пеам од срце кога тоа е скршено? И полека тоа се опорави“ – напиша таа и додаде дека наскоро ќе биде објавено и интервју во кое ќе проговори пред јавноста за ужасниот инцидент.