Нина Бадриќ зрачеше со елеганција и софистицираност на доделувањето на наградите од Naxi Radio.
На свеченоста во Белград, 52-годишната пејачка се појави во креација создадена специјално за неа. Стајлингот на хрватската ѕвезда се состоеше од црно здолниште со бела кошула, надополнето со ракавици од црна чипка и блескави обувки.
„Пејачка на годината за 2025. Благодарна, горда и среќна“ – напиша Нина во описот на мини албум од вечерта.





