Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „...Петрунија“ со две престижни награди на Берлинале

„...Петрунија“ со две престижни награди на Берлинале

„Ecumenical Jury Award“ и „Guild Film Prize“ во рацете на Теона Стругар Митевска

На доделувањето на наградите од независни жири комисии во рамките на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска ја освои престижната награда од жири комисијата „Ecumenical“ и наградата „Guild Film Prize“.

Господ постои, името ѝ е Петрунија Господ постои, името ѝ е Петрунија

„Презадоволни сме од досега постигнатиот успех со овие две престижни награди, а задоволството е уште поголемо кога ја гледаме публиката како реагира на приказната за Петрунија во текот на овие фестивалски денови. Независно од исходот на главното доделување на Златната мечка, овие две награди, како и овациите, аплаузите и одличните рецензии од врвните филмски критичари, за нас се најголемото признание и сведоштво дека навистина успеавме да направиме филм кој испраќа силна порака“, изјави режисерката Теона Стругар Митевска.

Инаку, „Ecumenical Award“ е независна филмска награда која се доделува на филмови на големи меѓународни филмски фестивали уште од 1973 година, како Кан, Берлин, Локарно, Монтреал и Карлови Вари, а целта на наградата е да се оддаде почит на уметничките дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот.

Низ историјата, почнувајќи од 1974 година во Кан, бројни реномирани и звучни филмски имиња се имаат закитено со наградата на „Ecumenical“ жири комисијата, меѓу кои и Андреи Траковски, Вим Вендерс, Кристоф Кишловски, Мајкл Винтерботом, браќата Тавијани, Михаел Ханеке и многу други, а годинава, престижната награда оди во рацете на Теона Стругар Митевска.

Господ постои, името ѝ е Петрунија Господ постои, името ѝ е Петрунија Господ постои, името ѝ е Петрунија

Наградата „Guild Film Prize“, пак, ја доделува тричлена жири комисија, чии членови се управители на арт кина, а се исто така членови на Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија „AG Kino – Gilde e.V.“.

Господ постои, името ѝ е Петрунија Господ постои, името ѝ е Петрунија

Гала церемонијата за доделување на главните награди на 69-тото издание на Берлинале се одржа синоќа. „Synonyms“ (Synonymes) на израелскиот режисер Надав Лапид ја освои посакуваната „Златна мечка“, а Французинот Франсоа Озон ја прими наградата „Сребрена мечка“ за „By the Grace of God“ (Grâce à Dieu).

Надав Лапид

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11608 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.