Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ПЕТА: Кетрин Зета Џонс е најлошо облечена ѕвезда

ПЕТА: Кетрин Зета Џонс е најлошо облечена ѕвезда

Кетрин Зета Џонс

Актерката Кетрин Зета Џонс е прогласена за најлошо облечена славна личност од организацијата за заштита на правата на животните ПЕТА (People for the Ethical Treatment of Animals). Четириесетгодишната Кетрин го добила првото место не заради нејзиниот избор на облека, туку поради тоа што е обожавателка на вистинско крзно.

Изминатата сабота бил организиран и протест пред театарот Walter Kerr во Њујорк, каде што настапувала Кетрин.

„Со нејзините панталони од кравја кожа, грдо палто од лисица и одвратна чанта од крокодилска кожа, Кетрин Зета Џонс изгледа како да си пробива пат со нож во раката кон Ноевата арка. Можеби се подготвува за да влезе во улога на сериски убиец или на препаратор на животни“ – пишуваат од организацијата.

Тие порачуваат дека со постоењето на толку многу убави алтернативи на крзното, нема причина за носењето на дел од труп на мртво животно врз себе.

Други славни личности кои ПЕТА ги вклучи во својот црн список се Кејт Хадсон и мајка ѝ Голди Хон, Арета Френклин, Џенифер Лопез, Џесика Симпсон и Ријана.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9531 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.