Семејството на Никола Перевски – Пере се зголеми за уште еден мал член. Познатиот музичар од бендот Нокаут ја доби четвртата ќерка и среќната вест ја сподели на Instagram.
Новороденото девојче го доби името Ирис.
„Ирис се роди… Ваистину се роди уште едно трилече“ - напиша тој во описот на фотографијата.

Ова е второ дете на Пере и неговата сопруга Јована. Oд претходниот брак, тој има уште две ќерки – 24-годишната Михаела и 16-годишната Каја.


