Пенелопе Круз и Антонио Бандерас се обединија на црвениот тепих на Филмскиот фестивал Трајбека.
48-годишната актерка и 61-годишниот актер позираа заедно пред премиерата на нивниот филм „Official Competition“. Пенелопе буквално блескаше во црна креација од модната куќа Шанел, чиј бренд амбасадор е веќе неколку години.










„Official Competition“ е комедија за богат бизнисмен кој ангажира познат режисер за да му помогне да направи хит филм.