Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Парите не ми се важни“: Амбер Херд ги донира сите 7 милиони долари од разводот со Џони Деп

„Парите не ми се важни“: Амбер Херд ги донира сите 7 милиони долари од разводот со Џони Деп

Амбер Херд ги донира сите пари кои ги доби од бурниот развод со Џони Деп.

30-годишната актерка и 53-годишниот актер пред три дена постигнаа спогодба за развод според која Херд доби 7 милиони долари. Но, таа изјави дека парите не ѝ се важни и одлучи сите да ги донира за жени жртви на семејно насилство и болни деца.

Амбер Херд Деп и Херд Деп и Херд

Парите ќе бидат поделени меѓу Детската болница во Лос Анџелес, каде Херд веќе 10 години работи како волонтер и невладината организација „American Civil Liberties Union“.

„Како што објавија медиумите, сумата која ја добив од разводот е 7 милиони долари и 7 милиони долари се донирани. Ова е далеку повеќе од сите суми кои некогаш сум ги донирала, а ќе продолжам да донирам и во иднина“ – рекла таа, објаснувајќи дека парите ќе бидат донирани во неколку организации со „посебен фокус да се спречи насилството кон жените“.

„Убедена сум дека овие организации добро ќе ги искористат средствата и ќе продолжам да ги поддржувам во иднина. Се надевам дека ова искуство ќе резултира со позитивни промени во животите на луѓето на кои тоа им е најпотребно“ – вели холивудската ѕвезда.

Парот стапи во брак во февруари 2015 година, а во мај оваа година Херд побара забрана за приближување. Амбер го обвини својот сопруг за семејно насилство и објави фотографии на кои таа е со модринки на лицето.

Амбер Херд Амбер Херд Амбер Херд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11375 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.