Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Официјално: Се откажува Евровизија поради коронавирусот

Официјално: Се откажува Евровизија поради коронавирусот

Оваа година нема да се одржи Евровизија. Музичкиот натпревар се откажува поради ситуацијата со коронавирусот.

Евровизија

Од Европска радиодифузна унија го објавија следното соопштение:

Со голема тага објавуваме дека откажан е Изборот за песна на Евровизија 2020 во Ротердам.

Во текот на изминатите неколку недели, разгледувавме многу алтернативни опции за да овозможиме реализација на Евровизија.

Сепак, неизвесноста создадена со ширењето на КОВИД-19 низ цела Европа и ограничувањата кои се поставени од властите на учесниците и холандската Влада, доведе Европска радиодифузна унија да ја донесе тешката одлука да не продолжи со настанот во живо како што беше планирано. Здравјето на артистите, персоналот, фановите и посетителите се срцето на оваа одлука.

Многу сме горди што Евровизискиот натпревар ја обединува публиката секоја година, без прекини, во изминатите 64 години и ние, како и милиони други ширум светот, сме многу тажни што нема да се одржи овој мај.

Оваа година наш претставник на Евровизија требаше да биде Васил Гарванлиев со песната „You“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.