Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Оливија Вајлд е новата љубов на Џастин Тимберлејк?

Оливија Вајлд е новата љубов на Џастин Тимберлејк?

Џастин и ОливијаЏастин и Оливија

Не измина ниту еден месец откако Џастин Тимберлејк и Џесика Бил јавно објавија дека нивната 4-годишна врска заврши, а амбициозниот актер веќе има покрај себе уште една од најубавите холивудски ѕвезди.

30-годишниот пејач и шармантната Оливија Вајлд за време на викендот биле излезени заедно и според очевидци се прегрнувале, си шепотеле и флертувале цела ноќ.

Убавиот пар до 1 часот по полноќ уживал во VIP делот на ноќен бар во Лос Анџелес, а потоа по барање на Џастин се преместиле во внатрешноста за да можат да слушаат хип-хоп музика.

„Дуото пристигна во клубот заедно, двајцата носеа бели маици и фармерки и двајцата пиеја вотка. Си заминаа заедно во 3 часот по полноќ“ – пишува познатото списание People.

„Беше очигледно дека се на состанок. Неговата рака беше преку нејзиното рамо, зборуваа од блиску, само тие двајцата... Џастин и Оливија беа таму со друштво, но не разговараа со никој друг“ – пишува UsMagazine, цитирајќи внатрешен човек кој присуствувал во клубот.

Џастин и ОливијаОливија и Џастин на снимањето на филмот „Now“

Оливија Вајлд минатиот месец поднесе документи за развод од италијанскиот принц Тао Русполи и со тоа стави крај на нивниот 8-годишен брак.

Оливија и Џастин се зближија на снимањето на филмот „Now“.

Дополнување (05.04.2011):
Оливија Вајлд ги негираше гласините дека се состанува со Џастин Тимберлејк. Таа на Twitter напиша: „Ние сме само пријатели“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10341 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.