Почетна » Новости » Промо » Седум медали за сите седум вина на „Монтеко“ на највлијателниот и најпрестижен вински натпревар во светот

Седум медали за сите седум вина на „Монтеко“ на највлијателниот и најпрестижен вински натпревар во светот

Со освоени седум медали за седум вина на најпрестижниот вински натпревар во светот, Decanter World Wine Awards 2025, винаријата „Монтеко“ го оствари најголемиот успех во своето едногодишно присуство на пазарот. Освоените признанија на Decanter се круна на успехот на винаријата „Монтеко“ за оваа година и уште една потврда за врвниот квалитет на нејзините вина, добиена од врвни интернационални вински експерти.

Монтеко

Во конкуренција од илјадници вина од 57 земји од целиот свет, сите седум вина од портфолиото на „Монтеко“ се закитија со медали на првото учество на Decanter. Сребрен медал освоија црвените вина „Вранец“, „Мерло“ и „Неро“, додека бронзен медал добија црвените вина „Филип“ и „Каберне совињон“ и белите вина „Темјаника“ и „Шардоне“. Успешниот резултат доаѓа само неколку месеци поуспехот на International Wine Challenge (IWC), кадевината на „Монтеко“ освоија шест медали.

„Со постигнатите резултати на Decanter, „Монтеко“ стана единствената македонска винарија, а и една од ретките во светот, кај која сите вина што ги произведува се закитија со медал на ова големо натпреварување. Конкуренцијата таму е екстремно силна, се натпреваруваат илјадници вина од целиот свет и водечките светски винарии, а нашите вина добија многу високи оценки од најреномираните вински експерти. Со тоа уште еднаш покажавме дека Кратово е новата точка на винската мапа на светот.Од срце им благодариме на сите што веруваат во квалитетот на нашето вино. Ова е само почеток, продолжуваме понатаму со новитети и унапредување на винската индустрија во земјава и регионот“ – истакнуваат од винаријата „Монтеко“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26717 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.