Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Од првата прегратка до полнолетство: Дејвид и Викторија Бекам со фотографии му го честитаа роденденот на синот Ромео

Од првата прегратка до полнолетство: Дејвид и Викторија Бекам со фотографии му го честитаа роденденот на синот Ромео

Дејвид и Викторија Бекам никогаш не пропуштаат да ги одбележат важните датуми за нивното семејство. Осумнаесеттиот роденден на нивниот син Ромео не беше исклучок.

45-годишниот поранешен спортист и 46-годишната дизајнерка со видеа кои прикажуваа фотографии од неговото растење, му го честитаа полнолетството на Ромео.

„Среќен 18-ти роденден на моето мало човече (или не толку мало повеќе). Ти прерасна во најубавата личност и конечно си маж, како што би рекол ти за себе. Те сакаме најмногу, никогаш не се откажувај од твоите соништа и цели. Ова видео те покажува од првиот ден во мојата прегратка со песната со која се роди, па сè до нашиот последен момент кога вистина конечно морам да признам дека син ми е повисок од мене. Среќен роденден партнер“ – напиша Дејвид во описот на видеото.

„Среќен 18. роденден. Не можеме да бидеме погорди со младичот во кој прерасна. Ти си прекрасен внатрешно и надворешно и премногу те сакаме. Најмилата, најљубезната душа, ти ни си сè. Многу бакнежи од нас“ – напиша Викторија.

И двајцата браќа на Ромео, Круз и Бруклин, со постови на Instagram го одбележаа неговиот роденден.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11103 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.