Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Од бегалец, до Оскаровец: Актерот Ке Хуј Кван освои Оскар и порача да не се откажуваме од соништата

Од бегалец, до Оскаровец: Актерот Ке Хуј Кван освои Оскар и порача да не се откажуваме од соништата

Ке Хуј Кван го доби својот прв Оскар и преплавен од емоции застана на сцената за да ја подигне златната статуетка.

51-годишниот актер беше прогласен за Најдобар актер во споредна улога за филмот „Everything Everywhere All At Once“.

Кван се потсети на тешкото детство и во својот говор им се заблагодари на најблиските, кои го охрабрувале да стигне токму до врвот на Холивуд.

„Моето патување започна на брод. Поминав една година во камп за бегалци и на некаков начин завршив тука, на најголемата сцена во Холивуд. Велат дека ваквите приказни постојат само на филмовите. Не ми се верува дека ми се случи мене. Ова е американскиот сон“ – изјави тој.

Ке Хуј Кван

„Мајка ми има 84 години и сега е дома и нè гледа. ‘Мамо, штотуку добив Оскар’“ – пресреќен ѝ се обрати на мајка си, заблагодарувајќи ѝ се за жртвите кои ги направила за да го одведе во САД.

Ке Хуј Кван

Кван е роден во Јужен Виетнам. Тој растел покрај осум браќа и сестри, а кога имал само 7 години, со семејството побегнале од татковината. Тој со татко му и браќата заминале во Хонгконг, додека неговата мајка со останатите деца заминала во Малезија. По една година помината во камп за бегалци, целото семејство на Кван било примено во САД преку програма за бегалци.

Ке Хуј остатокот од детството го поминал во Калифорнија, каде што се школувал.

„Мора да верувате во соништата. За малку ќе се откажев од мојот. Ве молам да ги одржувате живи вашите соништа“ – порача Кван на крајот од говорот.

Ке Хуј Кван

Кога беше дете, Кван глумеше покрај Харисон Форд во филмот „Indiana Jones and the Temple of Doom“, а сега, 38 години подоцна тие се обединија на оскаровската сцена.

Ке Хуј Кван Ке Хуј Кван Ке Хуј Кван

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.