Почетна » Новости » Животни стории » 16-годишна балерина без раце инспирира и покажува дека сè е возможно

16-годишна балерина без раце инспирира и покажува дека сè е возможно

Виторија Буено е инспиративна девојка која руши бариери и покажува дека со многу труд и посветеност, сè е возможно.

16-годишната Бразилка е родена без раце, но не дозволи овој хендикеп да ја спречи да си го оствари сонот да стане балерина.

„Можностите доаѓаат маскирани како препреки за да ја тестираат моќта на нашата волја“ – пишува младата девојка.

Виторија Буено

„За мене, рацете се само детаљ. Кога танцувам, со очите следам како рацете да се тука. Не чувствувам потешкотии или потреба да имам раце“ – изјавила инспиративната тинејџерка, која има речиси 400 илјади следбеници на Instagram.

Со својот талент за танцување, Виторија се истакна на шоуто „Supertalent“ и освои златно копче.

Виторија Буено
Виторија Буено

„Ние сме многу повеќе од нашите недостатоци, затоа мора да ги следиме нашите соништа“ – додава Вито.

„Има нешта кои таа ги прави со нејзините нозе, кои јас не можам да ги направам со моите раце“ – изјавил нејзиниот очув.

Мајката на Виторија изјавила дека била загрижена дали нејзината ќерка ќе биде прифатена од останатите девојки на часовите за танцување.

„Кога таа ќе одеше на прошетка, луѓето ѝ ги креваа ракавите на блузата за да видат. Луѓето ме повредуваат. Нејзиниот хендикеп ме плашеше, но не толку многу колку однесувањето на другите луѓе“ – рекла мајката.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.