Ејза Гонзалес и Григор Димитров потврдија дека се во врска.
35-годишната актерка и 33-годишниот бугарски тенисер за првпат заедно се појавија на свеченост. Атрактивниот пар присуствуваше на галата „Women In Cinema“ оргазнизирана од Red Sea Film Foundation во Франција.
Ејза заведуваше во тесен фустан од Ludovic de Saint Sernin.



Следниот ден, таа сподели фотографии од настанот за да му го честита роденденот на својот сакан. Таа напиша:
„Најсреќен роденден на мажот од моите соништа. Григор Димитров ти си еден и единствен. Ти апсолутно ми си омилениот човек досега и не можам да поверувам дека бев доволно среќна да те пронајдам... Те сакам“.






Ејза и Григор поттикнаа гласини дека се во врска пред неколку недели, кога таа присуствуваше на негов меч.



Григор во минатото се има состанувано со Никол Шерцингер.
