Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ник Картер се расплака сред настап со Backstreet Boys часови по смртта на неговиот 34-годишен брат

Ник Картер се расплака сред настап со Backstreet Boys часови по смртта на неговиот 34-годишен брат

Ник Картер не можеше да си ги скрие силните емоции кои ги имаше по смртта на неговиот брат Арон.

42-годишниот пејач настапи на сцената во O2 арената во Лондон помалку од 24 часа по добивањето на лошата вест дека неговиот 34-годишен брат беше пронајден мртов во када во неговиот дом. Ник настапуваше на сцената како дел од светската турнеја со Backstreet Boys.

Музичарот, кој беше миленик на многу девојки во 90-тите години, плачеше додека неговиот колега Кевин Ричардсон зборуваше за Арон пред изведувањето на хитот „Show Me the Meaning of Being Lonely“. Потоа, при изведувањето на песната, тој пак се расплака и не можеше да го продолжи настапот.

„Оваа песна е многу специјална за нас, бидејќи тоа е песна за семејството. Сите ние тука пораснавме заедно. Поминавме низ подеми и падови. Вие бевте со нас низ сето тоа, а ние бевме со вас. Ви благодариме што нè поведовте на тоа патување со вас. Ви благодариме што 29 години бевте дел од семејството Backstreet. Ви благодариме за сета љубов низ годините.“

„Вечерва многу сме тажни што вчера изгубивме еден член од семејството и сакавме да најдеме момент во нашето шоу за да му оддадеме почит. Помалиот брат на Ник, Арон Картер почина вчера на 34-годишна возраст. Тој е дел од нашето семејство... Сакаме оваа песна да му ја посветиме на нашиот помал брат, Арон Картер... Нека почива во рајот“ – рекоа од бендот.

Претходно, Ник сподели фотографии на социјалните мрежи и напиша:

„Срцето ми е скршено. Иако со брат ми имавме комплицирана врска, мојата љубов кон него никогаш не исчезна. Отсекогаш се надевав дека некако, некој ден тој ќе посака да зачекори по здравиот пат и дека ќе ја пронајде помошта која очајно му беше потребна. Понекогаш сакаме да обвиниме некого или нешто за загубата, но вистината е дека зависноста и менталните болести се вистинските негативци тука. Ќе ми недостигаш брат, повеќе отколку што некој може да знае. Сега конечно можеш да го имаш мирот кој не можеше да го најдеш тука на Земјата... Те сакам, братче“.

Арон почина во саботата. Тој беше пронајден мртов во када во неговиот дом во Калифорнија. Сè уште не е потврдена причината за смртта.

Арон Картер Арон Картер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11433 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.