Рајан Гослинг не го крие своето разочарување што главната актерка и режисерката на филмот „Barbie“ не се меѓу номинираните за Оскар.

43-годишниот актер, кој доби номинација за престижната награда во категоријата Најдобар актер во споредна улога, во соопштение рече дека е многу благодарен за својата номинација, но дека е разочаран што истата чест не ја добија Марго Роби и Грета Гервиг.
„Екстремно сум почестен што сум номиниран од моите колеги заедно со толку исклучителни артисти во година со многу одлични филмови. Никогаш не мислев дека ќе го кажам ова, но исто така неверојатно сум почестен и горд што ја портретирав пластичната кукла наречена Кен.“
„Но, нема Кен без Барби и нема филм за Барби без Грета Гервиг и Марго Роби, двете личности кои се најодговорни за историскиот, глобално прославен филм.“
„Не би имало признание за никој во овој филм без нивните талент, храброст и генијалност. Потценување е да речам дека сум разочаран што не се номинирани во соодветните категории.“
„Нивната работа би требало да биде призната заедно со останатите заслужни номинирани.“




Бројни се фановите на филмот „Barbie“ кои исто така изразија разочарување поради истата причина како и Гослинг.






Америка Ферера исто така беше номинирана во категоријата Најдобра актерка во споредна улога за „Barbie“.
