Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Најслатката честитка: Харпер ѝ пее на мајка си Викторија Бекам за роденден

Најслатката честитка: Харпер ѝ пее на мајка си Викторија Бекам за роденден

Викторија Бекам го прослави својот 43. роденден и доби прекрасни честитки од своето семејство, пријателите, па дури и од папараците.

Најслатката честитка доаѓаше од нејзината 5-годишна ќеркичка Харпер, која ѝ ја испеа песната „Happy Birthday“. Видеото од неодоливото девојче го сподели самата Викторија на својот профил на Instagram.

Дејвид Бекам сподели фотографија од поранешната членка на Spice Girls и напиша: „Среќен роденден на една неверојатна мајка, сопруга и пријателка. Те сакаме. Имај прекрасен ден.“

A post shared by David Beckham (@davidbeckham) on

Нејзиниот 14-годишен син Ромео објави заедничка фотографија, во чиј опис стои: „Мамо, те сакам многу и се надевам дека ќе го имаш најубавиот ден во животот!!! Ти си најневеројатната мајка и ти си совршена во секој поглед. Обожавам што ме смееш секој ден и без разлика што и да се случува, ти секогаш изгледаш среќна. Те сакам до месечината и назад“.

Бекам

И 12-годишниот Круз не пропушти да објави фотографија за специјалниот ден на неговата славна мајка.

A post shared by Cruz Beckham (@cruzbeckham) on

Погледнете видео во кое папараците ѝ пеат на славната дизајнерка за големиот ден.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11215 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.