Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Најсилната поддршка: Новак Ѓоковиќ со сопругата Јелена и двете деца ја славеше победата во АТП финалето

Најсилната поддршка: Новак Ѓоковиќ со сопругата Јелена и двете деца ја славеше победата во АТП финалето

Новак Ѓоковиќ победи во финалето на завршниот Мастерс во Торино, а во публиката ја имаше најсилната поддршка – семејството.

Неговата сопруга Јелена во модерен стајлинг навиваше за него, а покрај неа беа и нивните две деца Стефан и Тара. По големата победа, Ноле прво беше дочекан со прегратка од 8-годишниот син и од 5-годишната ќерка, за на крајот да заврши во прегратката на Јелена.

Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ

Подоцна, во интервју, тој изјави:

„Ова е премногу специјално за мене. Благодарен сум што дојдоа мојата сопруга и моите деца... Ги носам често двете мои деца, особено син ми, на тренинзи, припреми и натпревари. Морам да кажам дека беше многу гласен. Многу ме изненади. Цело време можев да му го слушнам гласот... И двајцата сега се свесни што прави татко им.“

„Тие ми го олеснуваат животот за време на турнирите. На вакви турнири големи се притисоците, очекувањата, тензиите. Кога се тие тука, малку го намалуваат сето тоа и јас можам да имам слободно време, квалитетно време со семејството. Тоа ме смирува и ми дава спокојство за да играм најдобро тенис следниот ден.“

„Пред неколку дена мојата сопруга ми рече дека ова е многу стресно. Таа е со мене речиси 20 години во мојата професионална кариера. Мора да прави многу нешта со децата покрај неа, да ги забавува и истовремено да биде таму за мене.“

„Не знам уште колку турнири ќе ја имам ова можност да ги имам сите покрај мене. Многу ги ценам овие моменти. Се надевам дека, како што ќе растат, уште повеќе ќе сфаќаат колку специјални моменти живееме заедно.“

Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ Новак Ѓоковиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28268 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.