Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Најгледано на YouTube: Псај со „Gangnam Style“ го надмина Џастин Бибер со „Baby“

Најгледано на YouTube: Псај со „Gangnam Style“ го надмина Џастин Бибер со „Baby“

Раперот Псај и официјално е новиот крал на YouTube, откако го турна од тронот Џастин Бибер. Мега популарниот спот за „Gangnam Style“ вчера стана најгледано видео на YouTube, надминувајќи го по број на прегледувања спотот на Џастин Бибер за песната „Baby“.

Псај

„Gangnam Style“ за помалку од пет месеци привлече над 815 милиони кликови, додека видеото на Џастин за „Baby“ од 2010 година досега има над 804 милиони прегледувања.

Хитот „Gangnam Style“ држи уште еден YouTube рекорд и тоа за најлајкувано видео кога било поставено на YouTube. Спотот на Псај досега има над 5,4 милиони „лајкови“ и само 330 илјади „дислајкови“. Од друга страна, спотот на Џастин за „Baby“ има само 1,4 милиони „лајкови“ и 3,2 милиони „дислајкови“.

Се претпоставува дека „Gangnam Style“ ќе стане првото YouTube видео кое ќе достигне 1 милијарда прегледувања, некаде околу 11 декември.

Потсетете се на магијата на „Gangnam Style“:

А еве го и хитот на Џастин Бибер:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11418 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.