Почетна » Новости » Музика » BTS сруши YouTube рекорд со 100 милиони прегледувања за 24 часа со англиската „Dynamite“

BTS сруши YouTube рекорд со 100 милиони прегледувања за 24 часа со англиската „Dynamite“

Групата BTS го сруши рекордот за Најгледано видео на YouTube во 24 часа.

Спотот за првата англиска песна на јужнокорејскиот машки бенд достигна неверојатни 101,1 милион прегледувања во првиот ден од неговото објавување. Претставник на YouTube официјално ја потврди информацијата за Forbes.

„Можеме да потврдиме дека ‘BTS Dynamite Official MV’ постави нов рекорд на сите времиња во 24 часа, надминувајќи 100 милиони прегледи со 101,1 милион во првите 24 часа“ – изјавија од YouTube.

Претходно, рекордот го држеше јужнокорејскиот женски бенд Blackpink со песната „How You Like That“.

Слушнете ја првата песна на англиски јазик на BTS и погледнете го нивниот нов спот:

BTS BTS

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10609 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.