Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Натали Портман насмеана и со венчален прстен додека ечат гласините дека сопругот ја изневерил со 25-годишна активистка

Натали Портман насмеана и со венчален прстен додека ечат гласините дека сопругот ја изневерил со 25-годишна активистка

Натали Портман вообичаено е во фокусот на медиумите со филмските проекти, но приватен скандал ја стави под рефлекторите.

Имено, странските медиуми информираат дека филмската ѕвезда била изневерена од сопругот Бенџамин Мијипје, но дека парот се обидува да ја остави аферата зад себе.

Славната актерка беше фотографирана на Ролан Гарос, а венчалниот прстен на нејзината рака им потврди на фановите дека не се наѕира крај на нејзиниот брак.

Натали Портман

Портман, облечена во комбинација со потпис на Диор, со широка насмевка блескаше од трибините.

Натали Портман Натали Портман

Според неофицијални информации, Натали и Бенџамин се разделиле минатата година, но успеале да ги надминат проблемите пред да никне скандалот со неверството. И покрај сè, 41-годишната ѕвезда од „Black Swan“ наводно била посветена на бракот и на обновување на односите со францускиот кореограф.

Натали Портман

Францускиот медиум Voici објави информации за аферата на Бенџамин со 25-годишната активистка Ками Етен заедно со фотографии од нив како одделно влегуваат и излегуваат од неговите канцеларии во период од 10-тина минути откако внатре се задржале околу 2 часа.

Натали Портман Натали Портман Натали Портман

Натали и Бенџамин се во брак од 2012 година и имаат две деца.

Натали Портман

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25603 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.