Почетна » Новости » Шоу-бизнис » На Кели Роланд и се испушти: Бијонсе очекува девојче

На Кели Роланд и се испушти: Бијонсе очекува девојче

Иако Бијонсе молчи на прашањата за полот на бебето, нејзината најдобра пријателка потврди дека таа очекува девојче. Кели Роланд ненамерно го откри полот на бебето во интервју за време на доделувањето на наградите Cosmopolitan Ultimate Women of the Year.

„Не знам што ќе ѝ купам на Бијонсе за прославата за бебето, затоа што Џеј ќе му купи на тоа девојче сè што може да се купи. Таа нема да биде разгалена, но добро ќе се грижат за неа“ – изјавила Кели.

Кели и БијонсеКели и Бијонсе

Поранешната пејачка од Destiny's Child раскажала и колку е среќна за бременоста на Бијонсе и дека со нетрпение чека да им помага во грижата за бебето. „Многу сум среќна за мојата сестра и нејзиниот сопруг. Многу се среќни во моментов, како што и треба да бидат... Ќе бидам достапна за должноста на бебиситерка, всушност, добро се снаоѓам со валкани пелени!“ – дополнила таа.

Бијонсе на доделувањето на видео музичките награди на MTV во август објави дека со Џеј Зи очекуваат бебе. Бебето треба да се роди во февруари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11145 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.