Марија Шерифовиќ минува прекрасни моменти со новороденото синче. Српската пејачка објави видео во кое танцува со малиот Марио, кој го носи на себе во носилка – кенгур.
„Мојот прв танц #СуперМариоШерифовиќ“ – напиша таа. Во позадина свири песната „I Want to Know What Love Is“.
„Сакам да знам што е љубов, сакам ти да ми покажеш“ - се зборовите кои среќната музичка ѕвезда му ги пее на бебенцето.

Шерифовиќ го доби своето бебенце со помош на сурогат-мајка. Убавата вест таа ја откри на 15 декември минатата година.


