Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мишел Обама е најелегантната жена во политиката

Мишел Обама е најелегантната жена во политиката

Мишел Обама и Карла БруниПрвите дами на Америка и Франција.

Светската модна библија, списанието Elle, ѝ го додели на Мишел Обама почесното прво место во категоријата најдобро облечена жена во политиката.

Ова не е прво признание од ваков тип за г-ѓа Обама. Во август таа беше прогласена за најдобро облечена жена од американското списание Vanity Fair и покрај забелешките на модните критичари дека премногу ги експонира своите раце.

Првата дама на Америка досега има добиено и многу пофалби особено за способноста да комбинира скапи и евтини парчиња облека.

Со оваа титула Мишел се најде пред сопругата на францускиот претседател, Карла Бруни. Карла втора година по ред го добива второто место во оваа класација. Минатата година таа остана зад сопругата на сирискиот претседател Башар Асад, Асма Асад.

Според истата листа на Elle, Пенелопе Круз е најдобро облечена жена на „црвениот тепих“, а Скарлет Јохансон најдобро облечена „секс бомба“.

Галерија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10609 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.