Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Миа Костова – првата Македонка топлес за Playboy

Миа Костова – првата Македонка топлес за Playboy

Македонското издание на Playboy на насловната страница од декемврискиот број ги има првите разголени Македонки. По повеќе години барање одговор на прашањето „Која е првата Македонка што ќе се фотографира за Playboy?“ и по првите два броја на најпознатиот магазин за животен стил на македонски јазик, веќе во третиот број се прекршуваат сите стереотипи.

Познатата водителка Миа Костова ги скрши сите стереотипи дека Македонија е затворена земја и направи одличен пикторијал за македонското издание на Playboy. Заедно со Маја Ангеловска направија одлична, провокативна фотосесија. Миа и Маја се девојките кои полека ги разбиваат сите табу-теми во земјава, а тоа уште еднаш го докажаа со сесијата која се најде на страниците на македонското издание на Playboy.

Миа и Маја на насловната на PlayboyМиа и Маја на насловната страница на Playboy

Освен разголените фотографии, во декемврискиот број на Playboy е објавено и ексклузивно интервју со поранешниот премиер Владо Бучковски.

„Бранко Црвенковски спомена дека ние сме легалисти и ќе се обидеме да дојдеме до избори на демократски начин. Вториот начин да се дојде до предвремени избори е преку улична демократија“ – вели Бучковски во интервјуто за Playboy, додавајќи дека Црвенковски не се исклучува како иден премиер на Македонија.

Дејан Лилиќ, новиот директор на МНТ, зборува за своите планови како да го крене театарот на цврсти нозе, за Хамлет, за приватниот живот и за своите неостварени желби.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11424 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.