Почетна » Новости » Истражувања » Секс факти од големото секс истражување на Playboy

Секс факти од големото секс истражување на Playboy

Околу 40% од младите на возраст од 18 до 24 години никогаш немале секс, дури 76% од возрасните имале секс на јавно место, 37% од жените имале секс со бивши по разделбата... Ова се само неколку заклучоци од најновото големо секс истражување на Playboy.

Во 1983 година познатото машко списание Playboy ги објави резултатите од едно од најголемите секс истражувања направени до тој момент во кое учествувале 65 396 мажи и 14 928 жени. Оваа година вработените на Хју Хефнер решија повторно да ги проучат секс навиките на луѓето и анкетирале 8002 мажи и 2001 жени читатели на Playboy и дополнителни 1201 мажи и 1100 жени кои не биле читатели на списанието.

Како што сигурно претпоставувате, работите многу се менуваат. Така, во 1983г. само 40% од луѓето гледале порно, а денес порно гледаат 78% од луѓето (најверојатно затоа што е подостапно преку интернет). Во минатото, само 35% од луѓето некогаш имале секс на јавно место, а денес тоа го направиле 76% од возрасните.

Еве ги заклучоците од големото истражување:

  • 27% од мажите и 23% од жените некогаш биле фотографирани или снимани голи;
  • 15% од мажите и 9% од жените некогаш биле фотографирани или снимани додека имаат секс;
  • Повеќе од 50% од мажите и жените се бричат „таму долу“;
  • 46% од жените и 16% од мажите имаат одглумено оргазам;
  • 44% од мажите и 36% од жените имаат гледано порно со својот партнер;
  • 16% од луѓето имаат испратено непристојна фотографија или порака преку мобилен телефон;
  • 17% од мажите и 15% од жените имаат одговорено на телефонски повик за време на секс;
  • 24% од мажите и 13% од жените кои имале СПБ не го информирале својот партнер за тоа;
  • 24% од мажите и 20% од жените не се грижат за заштита од СПБ;
  • 40% од луѓето на возраст од 18 до 24 години сè уште немале сексуални односи;
  • 3% од мажите и 24% од жените тврдат дека никогаш не мастурбирале;
  • 20% од мажите и 29% од жените никогаш не добиле орален секс од нивните партнери;
  • 58% од мажите и 61% од жените велат дека би биле во врска со некој дури и ако не добиваат орален секс од него;
  • 54% од жените тврдат дека имаат Г-точка;
  • 75% од учесниците признаваат дека некогаш имале секс на јавно место;
  • 11% од мажите и 1% од жените мастурбираат барем еднаш дневно;
  • 46% од мажите и 37% од жените имале секс со бивш партнер по раскинувањето;
  • 48% од мажите и 32% од жените имале секс со колега на работа;
  • 73% од жените и 43% од мажите го знаат името и презимето на секој нивни сексуален партнер;
  • Само 4% од мажите и 2% од жените имаат секс секој ден.
Playboy - истражување

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.