Почетна » Здравје » Интимно » Најчести сексуално преносливи болести

Најчести сексуално преносливи болести

Сексуално преносливите болести се голем проблем, кој ниту една жена не посакува да го има. Но, во денешно време овие болести сè повеќе се распространуваат. Некои од нив покажуваат симптоми и веднаш ќе знаете дека треба да посетите гинеколог, но има и такви кои може да не покажуваат никакви симптоми.

Оваа статија е посветена на најчестите СПБ и симптомите по кои можете да ги познаете.

Жена што се срамиСексуално преносливите болести се голем проблем, кој може да не се манифестира преку видливи симптоми.

Кламидија

Кламидијата е најчестата и најбрзо распространуваната сексуално пренослива болест во Америка. И покрај тоа повеќето случаи на кламидија не се дијагностицирани. Оваа болест е најраспространета кај жените од 15 до 24 години. Кламидијата се пренесува преку вагинален, орален и анален секс, а исто така и при нормално породување од мајката на бебето. Се лечи лесно со антибиотици, но не треба да се игнорира, затоа што може да доведе до посериозни последици дури до неплодност.

Симптоми: Дури 75% од жените кои имаат кламидија немаат никакви симптоми. Тие што покажуваат симптоми, забележуваат поголемо лачење на вагинален секрет и печење при уринирање. Симптомите се појавуваат 1-3 седмици по заразувањето.

Гонореја

Гонорејата е една од најчесто предаваните сексуални болести. Исто како и со хламидијата многу од случаите со гонореја не се лекувани, поради причината што може да не се јават симптоми. Гонорејата се пренесува преку непосреден сексуален контакт со инфицирано лице. Ако маж има сексуален однос со жена која страда од гонореја, постои 25% шанса дека и тој е заразен. Во 50% од случаите кога жена има сексуален однос со маж заразен со гонореја и таа ја префаќа оваа болест. Хламидијата се пренесува при нормално породување од мајката на бебето.

Симптоми: Околу 30-40% од жените немаат симптоми и покрај тоа што се заразени со гонореја. Симптомите се појавуваат од 2-20 ден по контактот со инфицираното лице. Некои од симптомите се: жолтеникав густ исцедок од вагината, печење, чешање, крвавење помеѓу циклуси и потреба за често уринирање.

Генитален херпес

Симптомите на херпесот може да се појавуваат и исчезнуваат, но вирусот (Herpes Simplex Virus) останува во телото. Овој вирус се пренесува преку сексуален контакт и особено се големи шансите да го префатите ако имате контакт со лице кај кое во тој момент има избиено вирусот т.е. има видливи знаци на присуство на херпес вирусот.

Ако мајката страда од овој вирус, таа најверојатно при породувањето ќе му го пренесе вирусот на своето бебе. Присуството на херпес вирус за време на породување е една од основните причини за слепило кај новороденчињата. Затоа ако го имате овој вирус, најдобро е да се породувате со царски рез.

Симптоми: Најголем дел од луѓето кои го имаат овој вирус, не знаат дека го имаат затоа што никогаш не забележале никакви знаци или симптоми. Кога гениталниот херпес избива, кај жените се појавуваат мали црвени чворчиња, меурчиња или отворени ранички блиску до вагината. Исто така се појавува нетипичен исцедок од вагината, главоболка, болки во мускулите, болка при уринирање, чешање, печење и потечени жлезди околу гениталиите. Раните заздравуваат во период од 2 до 4 седмици, но постои голема веројатност дека вирусот повторно ќе избие.

HPV и генитални брадавици (кондиломи)

Гениталните брадавици или кондиломи се мали, бледо розови брадавици и најчесто се појавуваат во групи. Виновник за појавата на кондиломи е вирусот ХПВ (Human Papillomavirus), кој е предизвикувач на најчестата сексуално пренослива инфекција во светот. Познати се над 120 различни типови на ХПВ вируси. ХПВ од типот 6 и 11 е одговорен за 90% од случаите за брадавици на гениталиите.

Оваа инфекција може неодредено време да биде во скриена, латентна состојба т.е. вирусот се наоѓа длабоко во кожата и слузницата, но не се појавуваат никакви симптоми. Иако во повеќето случаи вирусот останува во кожата на инфицираното лице во неактивна состојба, сепак тој може да се пренесува на неговите сексуалните партнери.

Симптоми: Жените кои го имаат HPV вирусот може да немаат никакви симптоми. Некои типови на овој вирус може да предизвикаат рак на грлото на матката. Затоа секоја жена треба задолжително да си прави ПАП тестови редовно, дури и да нема никакви симптоми. Еден од симптомите кои укажуваат на присуството на HPV вирусот се кондиломите. Гениталните брадавици се мали, меки, бледо розови брадавици со мазна или релјефна површина кои најчесто се појавуваат во групи. Во ретки случаи може да се поголеми, да се воспалат и да создадат непријатна миризба. Кондиломите кај жените се создаваат врз гениталните органи, околу анусот, внатрешно во горниот крај на вагината или околу грлото на матката. Времето од инфицирањето со вирусот до појавата на брадавици обично е од 1 до 5 месеци. Во некои случаи брадавици може да се појават дури и по неколку години, од контактот со инфицирано лице, како резултат на ослабен имунолошки систем.

HIV/Сида

Сидата се пренесува преку непосреден сексуален контакт со заразено лице (орален, вагинален или анален секс) и примање на трансфузија со крв од инфицирано лице. Исто така користењето на една иста игла со лице кое го HIV вирусот, доведува до инфицирање. Жените можат да го пренесат вирусот на нивните деца со бременоста, породувањето или доењето. Нема лек за сидата, но постојат лекови кои можат да го забават прогресот на болеста.

Симптоми: Многу од луѓето немаат симптоми во текот на неколку години. Некои од симптомите се: голем замор, нагло слабеење, температура и потење во спиењето, дијареа, потечени жлезди, кашлање, орални и вагинални габични инфекции, промени во менструалниот циклус и црвени дамки по кожата. Симптомите може да бидат во скриена состојба дури 10 години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.