Хајди Клум и Том Каулиц организираа свадбена прослава во Италија на почетокот на август, а оттогаш парот ужива на меден месец на идиличните места околу Капри.
46-годишниот супермодел и 29-годишниот музичар си разменуваа нежности додека пловеа низ бистрите води на италијанското крајбрежје.
Младенците тајно ја крунисаа врската со брак во февруари годинава, а јавноста дозна за нивната брачна заедница минатиот месец. Изборот на датумот за венчавката не е случаен. Имено, двојката се запознала на 22 февруари 2018 година, а Клум во една прилика изјави дека би се омажила за Том уште на денот кога се сретнале за првпат.
Ова е трет брак за супермоделот, а втор за ѕвездата од Tokio Hotel. Хајди беше во брак со стилистот Рик Пипино, од кого се разведе во 2002 година, а потоа имаше љубовна врска со Флавио Бријаторе, со кого има едно дете. Клум и седум години беше во брак со музичарот Сил, со кого има три деца.
Том претходно беше во брак со Риа Сомерфилд, од која се разведе минатата година.