Меган Фокс и Машин Ган Кели ги побија гласините за разделба, појавувајќи се заедно на настан во Њујорк.
37-годишната актерка го разголи своето деколте на црвениот тепих на забавата за новото изданието на Sport Illustrated посветено на костимите за капење. Меган е една од ѕвездите кои го красат списанието.













Иако многумина ја сметаат за секс симбол, во видео снимено за SI, Меган откри дека никогаш не си го сакала телото.
„Имам телесна дисморфија. Никогаш не се гледам себеси на начинот на кој ме гледаат другите луѓе. Никогаш немало момент во мојот живот кога сум си го сакала телото, никогаш. Кога бев мала, бев опседната со тоа како треба да изгледам. Не сум сигурна зошто од толку мала бев свесна за моето тело. Дефинитивно тоа не беше од моето опкружување, бидејќи пораснав во религиозна средина во која не им се посветуваше внимание на телата. Мислам дека никогаш нема да заврши моето патување кон сакање на моето тело“ – рекла таа.












