Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Меган Фокс: Син ми сè уште носи фустани иако врсниците му се смеат на училиште

Меган Фокс: Син ми сè уште носи фустани иако врсниците му се смеат на училиште

Меган Фокс и Брајан Остин Грин целосно го поддржуваат нивниот син Ноа да носи фустани и честопати поттикнуваат дискусии со таа одлука.

Популарната актерка повторно се наврати на таа тема во интервју за „The Talk“. 33-годишната холивудска ѕвезда раскажа дека Ноа е исмејуван од неговите соученици затоа што понекогаш носи фустани, но таа го учи да не се грижи за туѓите мислења и коментари.

Меган Фокс

„Тој дизајнира, црта аутфити... Тој ја сака модата, понекогаш се облекува сам, понекогаш сака да носи фустани. Го запишав во навистина либерално, хипи училиште. Но, дури и таму, овде во Калифорнија, има момчиња кои му велат: 'Момчињата не носат фустани' или 'Момчињата не носат розово.'“

„Моментално поминуваме низ тоа и го учам да има самодоверба, без разлика што му велат другите. Извесно време престана да носи фустани. Носеше фустан пред два дена на училиште. Се врати дома и го прашав како помина и дали некое од другарчињата му рече нешто, а тој ми одговори: 'Сите момчиња ми се смееја кога влегов. Не ми е гајле, премногу сакам фустани'.“

Покрај Ноа, Меган има и уште две помали синчиња – Боди и Џурни.

Меган Фокс Меган Фокс Меган Фокс Меган Фокс Меган Фокс

Пред неколку месеци, кога станаа побројни негативните коментари дека им дозволува на синовите да носат фустани, Фокс го кажа својот став: „Им дозволувам на децата да носат што сакаат! Тие ќе ми кажат што се. Не е моја работа да ги учам тоа.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11529 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.