Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Меган Фокс: „Имам спиено само со двајца мажи“

Меган Фокс: „Имам спиено само со двајца мажи“

Меган ФоксМеган Фокс за Harper’s Bazaar.

Популарната актерка Меган Фокс е една од најсексапилните жени во светот. Токму поради фактот што може да го има скоро секој маж што ќе посака, на Фокс редовно ѝ се припишува имиџ на промискуитетна жена.

Но, младата ѕвезда на „Трансформерс“ во интервју за британското издание на списанието Harper’s Bazaar признала дека воопшто не е онаква, каква што луѓето ја замислуваат. Таа изјавила дека досега била само со двајца мажи во својот живот и дека помислата за секс за една вечер ѝ создава одвратност.

„Во целиот мој живот сум била само со двајца мажи. Со мојата љубов од детството и со Брајан. Никогаш не би можела да имам секс со некој што не го сакам. Таа помисла ми создава одвратност“ – признала Фокс.

Во моментов Меган живее со нејзиното момче Брајан Остин Грин, познат од хит серијата Беверли Хилс 90210, и неговиот осумгодишен син. 23-годишната актерка смета дека луѓето не ја познаваат каква е всушност. Во врска со сликата што медиумите ја пласираат за неа, таа признава дека е по нејзина вина.

„Моја вина е што им помогнав на медиумите да ме направат како лик од цртаните филови. Не жалам за она што ми се случи, но жалам за начинот на кој се справив со тоа.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.