Меган Фокс и Машин Ган Кели го промовираат неговиот прв документарен филм.
Популарната двојка присуствуваше на премиерата на „Machine Gun Kelly's Life in Pink“ во Њујорк.
36-годишната актерка и 32-годишниот пејач беа модно координирани со розови стајлинзи. Меган ја акцентираше завидната фигура во припиен фустан од брендот Nensi Dojaka и сандали на висока потпетица од Femme.
Филмот ги прикажува подемите и падовите на Машин Ган Кели, чие вистинско име е Колсон Бејкер.