Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Машин Ган Кели ја запроси Меган Фокс со специјален прстен, ја запечатија свршувачката со „пиење крв еден од друг“

Машин Ган Кели ја запроси Меган Фокс со специјален прстен, ја запечатија свршувачката со „пиење крв еден од друг“

Меган Фокс и Машин Ган Кели се верија. Популарниот пар, кој е во врска една и пол година, ќе ја круниса својата љубов со брак.

35-годишната актерка сподели видео од предлогот за брак од 31-годишниот музичар.

Во јули 2020 година седевме под ова банјан дрво.

Побаравме магија.

Бевме несвесни за болката со која ќе се соочиме заедно во овој толку краток, френетичен период.

Несвесни за работата и жртвите што врската ќе ги бара од нас, но опиени од љубовта. И од кармата.

Некако, година и пол подоцна, откако заедно поминавме низ пеколот и се смеевме многу повеќе отколку што некогаш можев да си замислам дека е можно, тој ме праша дали ќе се омажам за него.

И како и во секој живот пред овој, а и во секој живот што следи, реков да.

... и потоа пиевме крв еден од друг.

11.01.2022

Машин Ган сподели видео од блескавиот веренички прстен, заедно со порака.

„Да, во овој живот и во секој живот. Под истите гранки под кои се заљубивме, ја донесов повторно тука и ја побарав да ми стане жена. Знам дека традиција е еден прстен, но го дизајнирав со Стивен Вебстер да бидат два: смарагдниот (нејзиниот роден камен) и дијамант (мојот роден камен) сподени на две магнетски алки кои се привлекуваат како две половини од истата душа, формирајќи го нејасното срце кое е нашата љубов“ – напиша Кели.

Меган Фокс и Машин Ган Кели Меган Фокс и Машин Ган Кели Меган Фокс и Машин Ган Кели

Меган претходно беше во брак со Брајан Остин Грин. Нивниот развод беше финализиран во октомври минатата година. Тие заедно имаат три мали деца.

Меган Фокс и Брајан Остин Грин Меган Фокс и Брајан Остин Грин

Кели, чие вистинско име е Колсон Бекер, има 12-годишна ќерка од преходна врска.

Машин Ган Кели со ќерката

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9514 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.