Меган Фокс и Машин Ган Кели за првпат се појавија заедно како пар на „црвениот тепих“.
Популарната двојка присуствуваше на доделувањето на Американските музички награди во Лос Анџелес.

34-годишната актерка носеше зелена креација од Azzi and Osta додека белата облека на 30-годишниот рапер беше со потпис на Balmain.







Фокс пред помалку од една година се раздели од Брајан Остин Грин, со кого има три деца.
Неодамна таа изјави дека поврзаноста со Машин Ган Кели е од „митски размери“ и дека тоа е тип на врска која се случува еднаш во животот.