Меган Фокс е ѕвездата на ноемвриското издание на луксузното списание Prestige Hong Kong.
31-годишната актерка позираше во дизајнерски креации од модни куќи како Фенди, Долче и Габана, Балман и Ботега Венета.



Во рамките на интервјуто за списанието, Фокс сподели што би променила во Холивуд. „Мизогинијата, се разбира. Жените се потценети. Иста плата за иста работа... Има многу мрачни нешта кои се случуваат на снимањата, меѓу актерите и режисерите, особено со актерките. Нема морал или интегритет во системот на студијата. Сè е алчност. Ако имаше начин да го променам тоа, се разбира дека би го направила“ - рекла таа.



