Меган Маркл и принцот Хари присуствуваа на настан во Бирмингем, организиран во чест на Меѓународниот ден на жената, со цел да ги инспирираат младите лица да ги следат своите соништа.
Кралскиот пар се сретна со претставници на „Stemettes“, организација која ги поддржува младите девојки и жени кои се стремат да изградат кариера во областа на науката, математиката и технологијата.
По тој повод, 33-годишниот британски принц и неговата 36-годишна вереничка беа стилски координирани. Поранешната актерка носеше палто од J. Crew, црни панталони од Alexander Wang, ролка од AllSaints, чантичка од Altuzarra и обувки од Manolo Blahnik.








Парот беше пречекан од стотици луѓе, меѓу кои и девојче кое Хари го извлече од толпата за да го запознае со својата сакана, бидејќи имало голема желба во иднина да стане актерка.
„Меган ми рече дека можам да постигнам сè што сакам да постигнам и дека би сакала еден ден да ме види на ТВ кога ќе станам актерка. Беше остварување на сон. Никогаш нема да го заборавам овој ден“ – изјавила среќната Софија.























