Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мајли Сајрус негираше дека го изневерила Лиам Хемсворт еден ден откако тој побара развод

Мајли Сајрус негираше дека го изневерила Лиам Хемсворт еден ден откако тој побара развод

Околу разводот на Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт се шират многу шпекулации. Таблоидите пласираат стории дека таа била неверна, а и дека тој се дрогирал.

Вистината останува меѓу нив, но славната пејачка возврати на гласините дека го изневерила популарниот актер со кого беше во врска 10 години пред во 2018 година да стапи во брак.

Мајли Сајрус, Лиам Хемсворт

Еден ден откако тој официјално поднесе документи за развод, таа на Twitter напиша:

„Можам да прифатам дека животот кој го избрав значи дека морам да бидам 100% отворена и транспарентна со моите фанови кои ги сакам. Но, не можам да прифатам да ми кажуваат дека лажам за да прикријам злодело кое не сум го извршила. Немам што да кријам“.

Не е тајна дека бев луда по забавите во тинејџерските и моите рани 20-ти години. Не само што пушев марихуана, туку и бев активист за пушење марихуана. Експериментирав со дрога, мојата најпозната песна е за танцување на ‘моли’ и шмркање линии во тоалетот.“

„Упропастив врски и изневерував кога бев помлада.“

„ Бев избркана од ‘Hotel Transylvania’ затоа што му купив торта со пенис на Лиам и ја излижав. Се лулав гола на топка за рушење. Веројатно на интернет има повеќе голи снимки од мене во споредба со која било друга жена во историјата.

Мајли Сајрус, Лиам Хемсворт

„Но, вистината е дека откако се помиривме со Лиам, бев лојална и посветена. Нема тајни за разоткривање. Од секое искуство во мојот живот научив дека не сум совршена, не ни сакам да бидам, затоа што тоа е здодевно. Растев пред вас, но на крајот на краиштата, најважно е што ПОРАСНАВ.“

„Можам да признам многу нешта, но одбивам да признам дека мојот брак заврши поради неверство. Со Лиам бевме заедно подолго од деценија. Сум го рекла и претходно, а сè уште е вистина, дека го сакам Лиам и секогаш ќе го сакам.“

„НО, сега морав за себе да донесам здрава одлука да го оставам зад себе изминатиов живот. Долго време не сум била посреќна и поздрава. Можете да речете дека сум селјанка која тверка и пуши трева, но не сум лажга. Со гордост кажувам дека сум на поразлично место одошто кога бев млада.“

Непосредно откако одекна веста за разделбата на Мајли и Лиам, таа беше фотографирана со нова девојка во Италија.

Мајли Сајрус, Лиам Хемсворт Мајли Сајрус, Лиам Хемсворт Мајли Сајрус, Лиам Хемсворт

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.