Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мајли Сајрус во црвен фустан на премиера на филмот на сопругот Лиам кој отсуствуваше поради здравствени проблеми

Мајли Сајрус во црвен фустан на премиера на филмот на сопругот Лиам кој отсуствуваше поради здравствени проблеми

Откако Лиам Хемсворт не беше во можност да присуствува на премиерата на неговиот најнов филм, Мајли Сајрус помогна во популаризирањето на свеченоста.

26-годишната музичка ѕвезда во црвен фустан блесна на розовиот тепих по повод премиерното прикажување на „Isn't It Romantic“. Раскошната креација доаѓа од модната куќа Валентино.

Мајли Сајрус Мајли Сајрус Мајли Сајрус Мајли Сајрус

Лиам бил хоспитализиран поради камен во бубрегот, а моментално закрепнува во домашна атмосфера.

Мајли се огласи на социјалните мрежи за да го објасни отсуството на нејзиниот сопруг. „За жал, тој не беше во можност да присуствува поради здравствени причини... но, тој закрепнува и ќе си издвои време за одмор/лекување. Со гордост го претставувам него и неговата неверојатна работа. Многу сум среќна што го гледам како блеска во оваа комедија! Тој е најхумористичната личност која ја познавам и сега светот може да гo види оној Лиам до кого се будам секој ден... најсреќна сум“ - напиша таа.

Мајли Сајрус Мајли Сајрус Мајли Сајрус Мајли Сајрус Мајли Сајрус Мајли Сајрус Мајли Сајрус Мајли Сајрус Мајли Сајрус

Лиам и Мајли стапија во брак пред речиси два месеца.

Мајли Сајрус

Трејлер за „Isn't It Romantic“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.