Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мајкл Б. Џордан е Најсекси маж на светот за 2020 според People

Мајкл Б. Џордан е Најсекси маж на светот за 2020 според People

Списанието People и оваа година избра Најсекси маж на светот. Посакуваната титула уредниците овојпат му ја доделија на Мајкл Б. Џордан.

33-годишниот актер е познат по улогите во филмови како „Black Panther“, „Fantastic Four“ и „Creed“, а активно го поддржува движењето „Black Lives Matter“.

„Сметам дека има време и место за сè. Ги избирав моментите кога можам да имам најголемо влијание. Сите ние можеме да преземеме акција, мала или голема, и да помогнеме во креирањето на промената која сакаме да ја видеме“ – изјавил Мајкл.

Мајкл Б. Џордан Мајкл Б. Џордан Мајкл Б. Џордан

„Жените од моето семејство дефинитивно ќе се гордеат со оваа титула“ – изјави славниот актер.

Минатата година за најсекси маж беше прогласен Џон Леџенд, а претходни носители на оваа титула се и Дејвид Бекам, Крис Хемсворт, Двејн Џонсон, Адам Левин, Ченинг Тејтум, Бредли Купер, Рајан Рејнолдс, Бред Пит, Џони Деп, Хју Џекман, Идрис Елба, Џорџ Клуни и Ричард Гир.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11140 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.