Почетна » Новости » Шоу-бизнис » People: Дејвид Бекам е најсекси маж за 2015 година

People: Дејвид Бекам е најсекси маж за 2015 година

Списанието „People“ веќе 30 години избира „Најсекси маж“. Оваа година таа титула заврши во рацете на Дејвид Бекам, кој уредниците го опишуваат како глобална суперѕвезда, посветен сопруг и приземен татко на четири деца.

Бекам е првиот спортист кој некогаш ја има добиено оваа титула од познатото списание.

Дејвид Бекам

Иако успешниот поранешен фудбалер постојано забрзува женски срца, тој изјавил дека не се чувствува како секси личност. „Никогаш не се чувствувам како атрактивна, секси личност. Сакам да носам убава облека и убави костуми и да изгледам и да се чувствувам убаво, но никогаш не се гледам себеси на тој начин“ – рекол тој.

Дејвид Бекам

Бекам зборувал и за реакцијата на своите деца за титулата. „Ние се шегувавме за тоа со момците и тие на одреден начин ми се смееја мене и рекоа: Навистина?! Најсекси маж на светот? Навистина?“ – изјавил тој и признал дека се надева дека неговата сакана сопруга Викторија го гледа како најсекси маж цело време.

„Ова е најубавиот момент во мојата кариера, не можам да поверувам. Сакам да им се заблагодарам на моите родители што ме донесоа на овој свет“ – додал Бекам.

Дејвид со сопругата Викторија и четирите децаДејвид со сопругата Викторија и четирите деца

Минатата година за „најсекси маж“ беше прогласен Крис Хемсворт, а претходни носители на титулата се и Адам Левин, Ченинг Тејтум, Бредли Купер, Рајан Рејнолдс, Бред Пит, Џони Деп, Хју Џекман, Џорџ Клуни и Ричард Гир.

ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.