Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Марија Шерифовиќ со „Молитва“ од празните белградски улици восхити на евровизиското шоу

Марија Шерифовиќ со „Молитва“ од празните белградски улици восхити на евровизиското шоу

Доколку новиот вирус не го прекинеше нормалното функционирање, синоќа ќе се одржеше годинашното финале на Евровизија. Но, наместо музички спектакл во голема сала, беше организиран дигиталниот настан „Eurovision: Europe Shine A Light“.

Марија Шерифовиќ беше поканета да ја изведе баладата „Молитва“, а нејзиниот спот одушеви многумина, будејќи најразлични емоции.

„Додека го снимавме спотот и ги гледавме материјалите, не ми беше пријатно да ги гледам празните улици, но сега, кога го прегледавме материјалот, констатиравме дека имаме преубав велеград. Пријателите ми кажуваат: ‘Ова ти се нови 5 минути евровизиска слава’. Поминаа 13 години од кога бев на Евровизија и ми се чини дека во овие околности, за жал, Молитва го доби својот вистински спот“ – рекла Шерифовиќ.

Српската пејачка победи со „Молитва“ на Евровизија во 2007 година во Хелсинки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.