Се чини дека сите славни личности годинава решија да се релаксираат во Италија. И Џенифер Лопез и Алекс Родригез патуваат низ најпопуларните дестинации на италијанското крајбрежје.
49-годишната пејачка и 43-годишниот поранешен спортист беа фотографирани како се релаксираат на луксузна јахта. Иако е на одмор, Џеј Ло не ги прескокна тренинзите и беше мета на папараците додека вежбаше со тегови.
Славниот пар ги прошета и луксузните бутици во Капри и уживаше во тезгите со овошје во популарното туристичко место.