Чарна Невзати дава сè од себе за најдобро да се претстави себеси и нашата држава на Мис на светот во Индија.
Македонската претставничка присуствува на многу настани во рамките на изборот за убавина и на секој од нив изгледа фантастично.
На најновите фотографии кои денес ги сподели на социјалните мрежи, 20-годишната студентка изгледа како божица во впечатлива „златна“ креација со цветови и ултра долги ракави.






Претходно, Чарна заведуваше и во црна креација со гламурозен додаток кај градите и во сина латекс креација.











Манифестацијата ќе трае до 31 мај, кога ќе биде избрана убавицата која ќе стане Мис на светот за 2025 година.