Изборот за „Кралица на Евроазија“ оваа година се одржа во Анталија, Турција.
Скопјанката Сандра Стефановска ги победи останатите 40 натпреварувачки од земји од Европа и Азија и го освои првото место на натпреварот за убавина.



25-годишната Македонка беше избрана со едногласна одлука на 15-членото жири. Стефановска досега има учествувано на бројни натпревари од ваков тип и неретко освојува високи места.







Изборот се одржа во хотелот „Royal Seginus“.












